фото галерија
ПРОИЗВОДСТВО

кликни на сликата да зумираш

кликни на сликата да зумираш

кликни на сликата да зумираш

ИГМ-ТРЕЈД Илија и др. ДОО  е основана 1994 год. и е претпријатие во 100% приватна сопственост.

На почетокот претпријатието работеше исклучиво во делот на трговија со производи од црната металургија. Непосредно после формирањето, монтирана е линија за сечење на лим во табли од котури и негово конфекционирање за да во 1997 год. започнат градежни зафати за подигање на производна хала во која ке се инсталира линија за производство на заварени цевки и профили како и линија за слитовање.

Првата линија за производство на заварени цевки и профили започнува со работа во 1998 год.

Со освојување на значителен процент од пазарот, како домашен , така и меѓународен се пристапи кон изготвување на проекти за проширување на посоечкиот асортиман како и воведување на нови производи во производната програма, така што на крајот од 2001 год. беше инсталирана уште една линија за производство на заварени цевки и профили со надворешен дијаметар од 101мм а во јули 2004 год. третата линија за производство на заварени цевки и профили со надворешен дијаметар до 168мм. Во периодот од 2006-2008 год. монтирани се уште 4 линии за произвоство на заварени цевки и профили, со што денеска во компанијата работат вкупно 7 линии за производство.

Во 2008 год. започна со работа и линијата за испитување под притисок, со што се направи уште еднаш проширување на асортиманот со цел задоволување на потребите на различните групи на потрошувачи.

Кон крајот на 2008. год се очекува да започне со работа и цинкарата како нов инвестиционен проект.

Напоредно со зголемување и проширување на асортиманот се работеше и на имплементирањето на светски прифатените стандарди , и во 2007 год компанијата се здоби со сертификат ISO 9001:2000 од  Lloyd’s Регистарот и  CE знак.

Следејќи ги потребите и барањата на пазарот и на своите клиенти инвестиционите зафати на ИГМ-ТРЕЈД не завршуваат, ние и понатаму ќе продолжиме со нови инвестиции од кои некои се во тек, се со цел  повторно проширување на асортиманот на производи и излегување во пресрет на барањата на потрошувачите.

ИГМ-ТРЕЈД денес е најголема гринфилд инвестиција во Македонија.

Компанијата се наоѓа на површина од 350.000 метри квадратни, од која 200.000 метри квадратни се покриен простор во кој се лоцирани линиите за производство и складиштата.

Годишното производство на ИГМ-Трејд изнесува 120.000 тони заварени цевки профили, од кое производство само 10% се пласира на домашниот пазар, а 90% од производството се извезува.

Компанијата е пазарно ориентирана и модерно високотехнолошки опремена со континуирана насоченост кон постојани вработувања на млади и иновативни луѓе како и постојан тренинг и обучување на својот кадар во земјата и во странство. Наоѓајќи се во центарот на пазарните случувања, денес ИГМ-Трејд како млада, извозно ориентирана компанија вработува 250 луѓе , од кои 90% се образовани иновативни млади луѓе кои постојано се усовршуваат.

 

Главни карактеристики на компанијата денес, се долгорочно изградените насоки по кои стануваме препознатливи;

  • Компанијата е бонитетна, солвентна, финансиски стабилна и ликвидна;
  • Силни таргети на ИГМ-Трејд се: извоз, инвестиции, вработувања и профит;
  • Основна цел е реинвестирање на профитот;
  • Според постигнатите резултати ИГМ-Трејд е меѓу 10-те топ компании во Македонија и 6-ти извозник во Македонија, 15-ти по вкупен приход , со голема актива, земјиште, хали, опрема и обртни средства.

 

Основна дејност на ИГМ-ТРЕЈД е производство на заварени цевки и профили. Профилот на цевките се постигнува преку...
 

ПРОФИЛ НА ИГМ-ТРЕЈД
ИГМ-Трејд Илија и др. ДОО е основана во 1994 и е претпријатие во 100% приватна сопственост. Во почетокот, фирмата работеше со...
ИНВЕСТИЦИИ
Од основањето па се до денеска инвестициониот тек во ИГМ-Трејд не е завршен. Продолжува понатаму со веќе започнатите ...
ЦЕЛИ НА ИГМ-ТРЕЈД
Контрола на квалитет и подобрување на производството, имплементација на светски стандарди, зголемен и проширен асортиман на ...